Достапни линкови

Спасени 255 мигранти од Средоземното Море


Архивска фотографија: Спасување мигранти од Средоземното Море

Два брода ноќеска спасиле 255 мигранти од три брода во Средоземното Море, информираат италијанските власти. Бродовите со мигранти тргнале од Либија пред бурата. Бродот на една невладина организација спасил 134 луѓе, од кои седум деца, и ги префрлил на Сицилија. Воен брод да европската антикриумчарска операција ги спасил патниците од другите два брода.

Поради лошото време, криумчарите ја намалиле цената за превоз до Европа на само 400 евра по човек, но во гумените чамци превезуваат премногу луѓе, наведува италијанскиот весник Република.


XS
SM
MD
LG