Достапни линкови

Талибанци застрелаа пет лица во централен Авганистан


Илустрација: Безбедноснои служби на Авганистан.

Талибанските милитанти убиле пет патници во централната провинција Газни, соопштија авганистанските власти. Провинцискиот совет на Газни Насир Ахмад Факири денеска изјави дека убиствата се случиле доцна синоќа во селото Арзо во близина на провинцискиот главен град Газни.

Факири рече дека Талибанците ги запреле патниците и ги убиле оставајќи ги нивните тела на патот. Тој додаде дека идентитетите на жртвите се уште не се познати. Тие патувале до источната провинција Пактика. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG