Достапни линкови

Иванов: Потребно е помирување во земјата


Годишно обраќање во Собранието на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. 26.12.2017

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во своето годишно обраќање во Собранието зборуваше за политичката криза во земјата, случувањата од 27 април, за неопходните реформи, геополитичките случувања, илегалната миграција и сајбервојувањето, за односите со седите на Македонија, прашањето за името, проблемите со загадувањето, состојбата во медиумите, законот за јазиците и за други прашања.

Иванов зборувајќи за случувањата во земјата истакна дека во Македонија мора да се врати културата на политички дијалог и дека лидерите на власта и опозицијата треба да имаат нормална комуникација во интерес на граѓаните и во интерес на државата.

Тој рече дека во земјата не смее да има политички прогон и реваншизам, кој како што рече, неминовно завршува во нов идеолошки монизам. Иванов наведе дека е потребно помирување во земјата, наместо освета и политички прогон.

Иванов истакна дека жариштето на секоја политичка криза е лоцирано во УБК и во нејзиниот оддел за поддршка, наведувајќи дека предложените законски решнија за следење на комуникациите не ја отстануваат можноста за злоупотрби, но и дека не се имплементирани препораките на Прибе.

Тој исто така посочи дека единствен начин Македонија да се врати во нормала е ако час поскоро влезе во НАТО и добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

XS
SM
MD
LG