Достапни линкови

Груевски: Судиите имаат двојни аршини


Архива: Никола Груевски на судење за предметот „Траекторија.“

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска пред Кривичниот суд изјави дека судиите различно постапуваат во случаите што се водат против него и против премиерот Зоран Заев.

„Денешното рочиште се одложи и како што може да се види во случајот на Заев судиите му се извинуваат што го малтретираат да дојде на рочиште и ги закажуваат рочиштата на многу долги периоди, во овој случај имаме различна ситуација“, вели Груевски.

Тој изјави дека прво биле измислени причини за истраги, а потоа и обвиненија без било каква основа.

„Потоа, кога видоа дека нема никакви докази, а имаат обвиненија, почнаа да вршат притисоци врз судии. На некој начин давањето на 15 судии на Совет за факти за разрешување требаше да внесе страв кај судиите и веројатно внесе кај некои од нив, рече Груевски.

Денеска судењето за предметот на СЈО „Траекторија“ беше одложено за 31 јануари следната година, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

XS
SM
MD
LG