Достапни линкови

Одложено судењето за предметот на СЈО „Траекторија“


Архива: Никола Груевски на судење за Траекторија

Судењето за предметот на СЈО „Траекторија“ е одложено за 31 јануари следната година, поради тоа што една од судијките е прераспределена на други предмети во одделот за прекршоци.

Во предметот „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Груевски на рочиштето дојде со задоцнување. Во предметот „Траекторија“ обвинетите се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

XS
SM
MD
LG