Достапни линкови

Вучиќ: со Путин разговоравме за сите важни теми за Србија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин во Москва, 19.12.2017.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека со рускиот претседател Владимир Путин во Москва разговарал во четири очи за сите важни теми за Србија. „Разговаравме за ситуацијата во регионот и за она што можеме да направиме за зачувување на мирот и стабилноста“. Запрашан во врска со притисоците од Запад во односите спрема Русија, Вучиќ, меѓу другото изјави дека тој и премиерката Ана Брнабиќ водат сметка за интересите на Србија, а не на „некоја странска сила, Америка, Русија или кој и да е друг“.

XS
SM
MD
LG