Достапни линкови

Таравари: Ќе бидеме позитивни опозиционери


генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари

„Алијансата за Албанците ќе остане конструктивна и по излегувањето од Владата ќе гласа за сите закони кои се важни за интеграциите на државата во Европската унија и НАТО, за општеството и за граѓаните“. Ова го изјави генералниот секретар на партијата и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари за Телма. По најавата на лидерот на неговата партија Зијадин Села дека остануваат во владината коалиција до донесување на законот за употреба на јазиците, Таравари кажа дека во Владата влегле со кренати глави и оти сакаат да излезат повторно горди. Понуденото вицепремиерско место за реформи во Владата, според Таравари, е нешто непостоечко и на предлог на лидерот на ДУИ Али Ахмети, а со цел, како што рече, да бидат понижени и да одбијат да бидат во Владата.

XS
SM
MD
LG