Достапни линкови

БиХ не ја разгледува можноста за признавање на Косово


Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак

Министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак изјави дека неговата земја не ја разгледува можноста за признавање на Косово и тој став во иднина нема да се промени.

Тој за телевизијата Н1 коментирајќи го писмото на американскиот конгресмен Мајк Тарнер, во кое е наведено дека БиХ треба да ја преземе водечката улога на Балканот и предложи потпишување договор „Дејтон 2“ рече дека нема потреба за тоа.

„Нема потреба од тоа, сигурен сум и дека нема да има, тој вид меѓународен интервенционизам заврши. САД ќе бидат присутни на овие простори со желба да дојде до стабилизација, реформи, но ангажман од тој вид, да се прави меѓународна конференција, да се соберат сите важни актери, тоа се нема да се случи, имаше стотина такви идеи“, истакна Црнадак.



XS
SM
MD
LG