Достапни линкови

Села ја напушта Владата по усвојување на законот за јазиците


Зијадин Села

Зијадин Села од Алијансата за Албанците на денешната прес-конференција во Собранието изјави дека ќе бидат дел од Владата се додека не се гласа за законот за употреба на јазиците.

„Од тој момент Алијансата за Албанците ќе престане да биде дел од ова владеење кои има добиено прекар реформска влада, а од ден на ден се уверуваме ние, па и сите граѓани граѓани дека останува машина за перење на гревовите, на криминалите и на окупираните политичари кои се дел од власта“, рече Села.

Села уште еднаш повтори дека не го прифаќа понуденото вицепремиерско место за реформи. Тој на прашањето како го коментира назначувањето на новиот министер за здравство порача дека премиерот Зоран Заев лаже дека се работи само за пополнување на испразнето место во Владата, туку се работи за нејзино реконструирање. Според Села, Заев не го испочитувал договореното кога се формирала Владата.


XS
SM
MD
LG