Достапни линкови

Венко Филипче избран за министер за здравство


Собрание. Архивска фотографија.

Собранието попладнево со 62 гласа „за“, еден воздржан, и ниту еден „против“ го избра доктор Венко Филипче за министер за здравство. Филипче доаѓа на местото на Арбен Таравари, кој ја напушти функцијата поради учество на локалните избори, на кои беше избран за градоначалник на Гостивар.

За министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата на Ромите е избран Аксел Ахмедовски, кој доаѓа наместото на Самка Ибраимовски. Воедно Собранието го разреши Власте Димковиќ од функцијата заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и на негово место го именуваше Благе Цветковиќ. За заменик министер за образование, пак, е избран Арбр Адеми.


XS
SM
MD
LG