Достапни линкови

Автобус влета во подземен пешачки премин во Москва


Спасувачи во Москва го извлекуваат автобусот од подземниот пешачки премин. 25.12.2017

Најмалку четири луѓе се загинати и 13 други се повредени, откако автобус излета од патот во подземен пешачки премин во главниот руски град Москва, соопшти полицијата. Властите велат дека патници и пешаци се меѓу жртвите во денешниот инцидент.

Руските власти ја отфрлија можноста за терористички напад, велејќи дека се сомневаат во механичка грешка или дека возачот ја загубил контролата над автобусот.

Од полицијата велат дека го испрашуваат возачот, а медиумите го цитираат градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин дека наредил да бидат проверени сите автобуси во градот.

XS
SM
MD
LG