Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Судството работи под притисок на СДСМ


Архива: Седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Додека рочиштата за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се процесуираат експресно, рочиштата за Заев се одложуваат и за повеќе од еден месец, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ откако денеска Судот го одложи судењето за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Република Македонија повеќе нема независно судство.

„Основен принцип на секоја судска постапка е ефикасност и тоа важи за сите, само не за Заев. Случајот „Поткуп“, во кој Заев е фатен инфлагранти како бара поткуп, се одложува во низа и е класичен пример за заробено судство“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека судот под принува на Заев ги одлага рочиштата, како што велат, за неговиот криминал, „а од друга страна под истата принуда ги извршува барањата за притвор на ОЈО произлезени од монтираниот случај за лицата од настаните од 27 април“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG