Достапни линкови

Одложено судењето за случајот „Поткуп“


Архива: Премиерот Зоран Заев пред суд за случајот „Поткуп“

Судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 29 јануари следната година, бидејќи предметот не е пристигнат во Апелациониот суд кој се уште не одлучил за жалбата за ПИ-мерките во овој случај.

Апелациониот суд денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на Заев која бара видеоснимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во постапката.

Заев денеска пред Кривичниот суд изјави дека бараат изземање на судијката и оти очекува жалбата да биде прифатена, но дека но ќе ја почитува одлуката како и да одлучи Судот.

„Жалбата е суштествена во самата постапка и се однесува на тоа дали јавно објавените ПИ-мерки во продолжение на рочиштето ќе бидат доказ или не. Јас сакам таа снимка да биде јавно достапна за да може да ја видат сите комплетно, без деловите каде е пресечена заради тоа што не само што сум убеден во добивањето на правдата и потврдувањето на мојата невиност затоа што извршувам висока политичка функција“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG