Достапни линкови

Папата повика на гостопримство на мигрантите


Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско, Ватикан, 24.12.2017.

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско во вчерашната беседа пред Божиќ ја осуди „драмата на мигрантите во светот“, упатувајќи апел за нивно гостопримство. „Ги гледаме трагите на неколку милиони луѓе кои сами не одбраа да си заминат од своите најбилиски туку на тоа беа принудени“, рече папата Франциско пред околу 10 илјади верници собрани во Ватикан. 81 годишниот Папа денеска ќе ја упати традиционалната божиќна порака „Урби ет орби“ или „На градот и светот“.

XS
SM
MD
LG