Достапни линкови

Рускиот опозиционер Навални вели дека има поддршка за кандидатура


Рускиот антикорупциски активист и опозициски политичар Алексеј Навални вели дека собрал доволно поддршка за да се кандидира на следните претседателски избори, a неговите поддржувачи денеска организираа митинзи во 20 градови низ Русија за да ги обезбедат потписите. На отворниот критичар на Кремљ, Навални му е забрането да се кандидира на изборите во март 2018 година поради кривичната пријава за којашто вели дека е политички мотивиран случај. Навални би можел да се кандидира ако пресудата е откажана или ако добие специјална дозвола. Навални денеска говореше на митингот во Москва, а рускиот претседател Владимир Путин го нарече"лош претседател". Околу 800 приврзаници на Навални се собраа на формален состанок во Москва, и покрај тоа што властите го забрануваа настанот во главниот град. Митингот го набљудуваа претставници од Централната изборна комисија кои присуствуваа на собирот во московскиот парк Лермонтов. Слични настани се случија во 19 други градови. Навални рече дека му требаат 500 номинации во секој од 20-те градови низ целата земја. Тој подоцна објасни декаги обезбедил потписите, а на социјалната мрежа Твитер напиша дека ќе ги поднесе документите до Изборната комисија подоцна истиот ден.

XS
SM
MD
LG