Достапни линкови

Ирак ги повика енергетските компании да изградат нов гасовод


Новиот проект предвидува изградба на 305 километри гасовод за снабдување на пумпни станици, резервоари и други сервисни инсталации. Ресорното министерство го постави 24 јануари како краен рок за заинтересираните компании да ги достават своите изјави. Новиот гасовод ќе биде изграден заедно со постоечкиот гасовод од 1,6 милиони барели на ден, кој е во мирување, бидејќи беше тешко оштетен од милитантните напади во 2014 година. Ирак е на четвртотот место земји кои имаат најголеми резерви на нафта.

Нафтената и друга инфраструктура на земјата доживеа голема штета за време на борбите против милитантите на Исламската држава. Трошоците за војната, заедно со ниските цени на нафтата, погодија голем дел од ирачката економија.

XS
SM
MD
LG