Достапни линкови

СДСМ: Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност пред граѓаните


По конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и изборот на нов претседател на партијата, граѓаните и целата домашна јавност очекуваат новото раководство на опозициската партија да ги напушти досегашните политки на поделби, деструкции, лажни вести, блокади и сеење омраза и да даде конструктивен придонес во спроведувањето на зацртаните реформи, се вели во денешната реакција на СДСМ по изборот на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и интересите на државата и конструктивно да се вклучи во процесите што обезбедуваат економски раст, повисок животен стандард, слобода, демократија, владеење на правото, добрососедски односи и интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО како врвен државен и национален интерес.

“Новото време на соработка, пријателство, напредок и заедништво ги отвора перспективите на Македонија како едно демократско општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви спрема правата, обврските и законите”, се наведува во соопштението од СДСМ.

XS
SM
MD
LG