Достапни линкови

Во Турција отпуштени уште неколку илјади државни службеници


Турција денеска соопшти дека 2.756 лица вработени во јавните служби – војници, наставници и вработени во министерства, се отпуштени од јавните институции поради врски со терористички организации. Во Декретот кој е објавен во Службениот весник на Турција се наведува дека тие лица биле членови или имале врски со терористички групи, структури и тела кои дејствуваат против националната безбедност. Околу 50.000 луѓе досега се уапсени поради наводна вмешаност во неуспешниот државен удар во Турција во јули минатата година, а околу 150.000 се отпуштени или суспендирани од своите позиции. За организација на неуспешниот преврат Турција го обвинува Фетулах Ѓулен

XS
SM
MD
LG