Достапни линкови

Пожар во трговски центар на Филипините


Десетици луѓе останаа заробени во трговски центар на југот на Филипините кадешто изби пожар, соопштија пожарникарските служби. Тие спасија едно лице, додавајќи дека најверојатно 36 други не преживеале. Како што јавуваат агенциите не постоела можност луѓето заробени во четирикатниот трговски центар во градот Давао да го преживеат пожарот кој го уништил целиот објект. Градоначалничката Сара Карпио изјави дека шансите луѓето да преживеат во екстремно топлиот и густ црн чад во центарот биле многу мали. Истрагата треба да утврди која била причината за пожарот.

XS
SM
MD
LG