Достапни линкови

Времето денеска променливо облачно


Времето деенска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, кон крајот на денот ќе има намалување на облачноста, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен ќе биде по должина на Повардарието. Утринската температура ќе се движи од минус пет до минус еден, а дневната од три до 11 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

XS
SM
MD
LG