Достапни линкови

Ји: Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат името во 2018-та


Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат прашањето за името во 2018 година. Лидерството и добрата волја од владите на двете земји се охрабрувачки, вели Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар на САД во интервју за грчката новинска агенција АНА - МПА.

“Лидерството и добрата волја што неодамна ги изразија двете влади за ова прашање се охрабрувачки. Преговорите ќе бидат тешки, и двете страни мора да прават компромиси, но изгледа првичните разговори со посредништво на специјалниот пратеник на Обединетите нации Метју Нимиц беа конструктивни”, вели Ји.

Тој го охрабрува и позитивниот тон што го гледа кај премиерот Зоран Заев во спроведувањето на реформите и подобрувањето на односите со соседните земји. Оцени и дека локалните избори поминале во клима на почитување на основните слободи. Ји во интервјуто вели дека „не постојат такви планови“ во однос на шпекулациите дека тој би бил нов американски амбасадор во Скопје.

XS
SM
MD
LG