Достапни линкови

Снег во Грција предизвика големи сообраќајни проблеми


Обилните врнежи снег предизвикаа големи проблеми во сообраќајот во Грција каде медиумите постојано објавуваат кои патишта се затворени за сообраќај или е неопходна зимска опрема за отежнато движење. Телевизијата ЕРТ јави дека на некои патишта се формирале километарски колони, во кои стотици автомобили биле блокирани од снегот. Снег почна да врне вчера, кога илјадници Грци тргнаа на пат за Божиќ.

На автопатот Атина-Ламија се создала сообраќајна колона од 15 километри поради која патниците во автомобилите чекале и до осум часа. Во многу области во земјата постојано се објавуваат предупредувања возачите да стават синџири за снег, а полицијата забрани движење за тешки товарни возила на голем број патишта, главно во планинските области. Поради силниот ветер, некои пристаништа се затворени. Грчка спасувачка екипа денеска спасила мал брод со 12 члена екипаж во близина на Миконос, кој бил зафатен од силната бура во областа.

XS
SM
MD
LG