Достапни линкови

Во автобуска несреќа во Индија загинаа 33 лица


Најмалку 33 лица загинаа кога автобус падна во река на запад од Индија, соопшти полицијата. Несречата се случила кога автобусот ја пробил заштитната ограда на мостот во индиската држава Раџастан. Возачот на автобусот се обидел да претекне друго возило и паднал од висина од 20 метри во реката Банас. Седум патници се повредени и хоспитализирани. Возачот не е меќу загинатите, јавува индиската новинска агенција Прес траст. Спасувачките екипи извлекле 33 тела од реката. Автобусот ги пренесувал луѓето од различни делови на Индија во хиндуситичкиот храм во градот Ласлот.

XS
SM
MD
LG