Достапни линкови

Тропска бура на Филипините, 75 исчезнати


Најмалку 75 лица исчезнале во свлечиштата и во поплавите кои ги предизвика тропската бура "Тембин" на југот од Филипините, соопштија официјални лица. Во поплавите се најмногу погодени покраините Ланао дел Норт и Ланао дел Сур на полуостровот Замбоанг, наведува агенцијата Асошиејтед Прес. Во текот е акција на спасување на 30 жители на рибарското село Ануанг кои исчезнале во полавите, а досега се пронајдени пет тела.Илијадници луѓе се евакуирани, а големи гужви се забележани на аеродромите и на пристаништата. Некои од летовите се откажани.

XS
SM
MD
LG