Достапни линкови

Порошенко и Меркел договорија размена на затвореници


Украинскиот претседател Петро Порошенко и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија за потребата да се забрза размената на затвореници од двете страни на конфликтот во источна Украина, објави канцеларијата на Меркел. Ова следува по телефонски разговор помеѓу двајцата водачи и еден ден откако Меркел разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

"Оваа замена на затвореници ќе биде важен чекор во спроведувањето на Минските договори", рече портпаролот на Меркел и додаде дека претседателот Порошенко ќе стори сé за да се осигури дека размена ќе се случи што е можно поскоро.

Сепаратистите кои се поддржани од Русија се борат со владините сили на Порошенко во источна Украина во војната во која загинаа повеќе од 10.300, од април 2014. Русија, исто така, го анектираше украинскиот Кримски регион, потег што не беше признаен од страна на меѓународната заедница. Прес-службата соопшти декаПорошенко и Меркел го поддржале најновиот договор постигнат во рамките на Трилатералната контакт група за да се воспостави нов прекин на огнот во источна Украина. Украина, Русија иОБСЕ соопштија дека се согласија за прекин на огнот кој треба да почне денеска на полноќ.

XS
SM
MD
LG