Достапни линкови

Валандово ги пречекува делегатите на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


Eдинствениот кандидат за наследник на Никола Груевски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Почнаа да се пријавуваат делегатите на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово. Денеска и утре партијата избира кој ќе биде претседател. По пријавувањето на делегатите, се избираат работните тела. Утре ќе се гласа кој ќе стои на чело на партијата.

Претседателот на организацискиот одбор на Конгресот, Спиро Ристовски изјави дека очекува конструктивна работа. Запрашан за коментар за одлуката на пратениците Антонијо Милошоски и Илија Димовски да не присуствуваат на конгресот, Ристовски рече дека лично ги почитува различните мислења на поединци од партијата и секако на партиските функционери. Тој вели дека партијата ги прави следните чекори врз основа на одлуките на партиските тела.

Во салата каде се одржува конгресот, пристигна единствениот кандидат за наследник на Никола Груевски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а може да се забележат и поранешните високи партиски и владини функционери Миле Јанакиески, Емил Димитриев, Коце Трајановски, Елизабета Канческа - Милевска, Диме Спасов...

XS
SM
MD
LG