Достапни линкови

Трамп ја потпиша големата даночна реформа


Американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги потпиша измените на законот за данок, за кој Републиканците тврдат дека ќе им користи на средната класа, додека Демократите предупредуваат дека се штетни за државата, а во корист само на големите бизниси.

Законот е најзначајната измена на американскиот даночен систем од 1986 година.

Се предвидуваат околу пет милијарди долари за надградба на ракетните системи за одбрана за да одговорат на заканата од Северна Кореја и за поправка на два разурнувачи кои беа оштетени во инциденти на Тихиот Океан.

XS
SM
MD
LG