Достапни линкови

Собранието ја заврши расправата по дополнетиот буџет за 2018


Собранието попладнево ја заврши расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2018 година, по кој ќе се гласа подоцна кога ќе се создадат деловнички услови.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, буџетот за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, владеење на правото, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграционите процеси за ЕУ и НАТО.

Според Тевдовски, Предлог-Буџетот ја покажува цврстата определба на Владата за ефикасно, домаќинско и транспарентно трошење на државните пари.

На седницата на која се расправаше по дополнетиот Предлог буџет за 2018 година не учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Во расправата Томислав Тунтев од СДСМ истакна дека ова е третпат буџетот како најважен финансиски документ на една држава да се носи без опозиција.

По гласањето за дополнетиот буџет и останатите поминати предлози пратениците ќе расправаат и по Предлогот за извршување на Буџетот за 2018 година.

XS
SM
MD
LG