Достапни линкови

И Димовски нема да учествува на конгресот во Валандово


Пратеникот Илија Димовски

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, еден од потписниците на иницијативата за одложување на изборниот конгрес, денеска на својот профил на Фејсбук напиша дека нема да учествува на конгресот во Валандово. Тој пишува дека донел ваква одлука, оти, како што пишува, раководните лица и органи во партијата не создале и не овозможиле услови за демократски Конгрес.

„Овој Конгрес не го носи со себе легитимитетот на широкото и големо членство на ВМРО-ДПМНЕ. Има политички дефицит и јасни одрази на креирање на состојба на формален избор на веќе одлучено решение, без вклученост на нашите местни и општински комитети, ветераните и сите членови на партијата. Моите забелешки не се од персонални причини, туку станува збор за принципиелни и концептуални разлики“, пишува Димовски.

Понатаму тој пишува дека на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен нов концепт на отвореност, транспарентност и демократија.

„Партијата мора да ги обнови и создаде старите партнерства и мора да биде прифатена како сериозна и единствена алтернатива на лошата и неуспешна власт на СДСМ“, пишува Димовски.

XS
SM
MD
LG