Достапни линкови

Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски одложена за јануари


Потерница од МВР за Никола Бошкоски и Горан Грујевски

Одлуката за екстрадиција на поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, се биде соопштена на 5 јануари. Судот во Солун денеска требаше да ја соопшти одлуката за барањето на Македонија да бидат екстрадирани Грујевски и Бошкоски, кои во земјава се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување опрема за прислушување. Но во судот во Грција немало кој да ја прочита одлуката на македонски јазик, па затоа одлуката ќе биде соопштена на почетокот на идниот месец.

Освен за екстрадицијата, за Грујевски и Бошковски во Грција се водат уште два други процеси, еден за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на аеродромот во Солун, а другиот е за нивното барање за азил.


XS
SM
MD
LG