Достапни линкови

Путин безбедносната стратегија на САД ја оцени како „агресивна“


Архива: Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин безбедносната стратегија на САД, којашто ја претстави американскиот претседател Доналд Трамп, ја опиша како „агресивна.“

Говорејќи денеска во руското Министерство за одбрана во Москва, Путин тврди дека САД и НАТО биле ангажирани во зголемување на военото присуство во Европа, кое има „навредлив агресивен карактер.“

Путин исто така ги обвини САД за планирање на повлекување од договорот за Нуклеарни сили на среден дострел, со кој се забрануваат нуклеарни и конвенционални ракети на краток и среден дострел.

XS
SM
MD
LG