Достапни линкови

Абас: Палестинците нема да прифатат никаков мировен план од САД


Махмуд Абас на заедничка прес-конференција со франсускиот претседател Емануел макрон во Париз.

Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас вели дека Палестинците „повеќе нема да прифатат“ никаков мировен план за Блискиот Исток од страна на САД.

Абас денеска зборуваше во Париз, еден ден откако Генералното Собрание на ОН донесе резолуција со која ја отфрла одлуката на САД да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

„САД се покажаа како нечесни посредници во мировниот процес и ние од нив повеќе нема да прифатиме никаков план“, рече Абаз по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот на САД Доналд Трамп на 6 декември објави дека САД го признаваат Ерусалим за главен град на Израел и оти во градот ќе ја преселат својата амбасада од Тел Авив, предизвикувајќи меѓународна осуда и протести во муслиманскиот свет.

XS
SM
MD
LG