Достапни линкови

Убиен војник во источна Украина, договорен нов прекин на огнот


Архива: Украински војник ги набљудува позициите на про-руските сепаратисти. 13.12.2017

Украинската Армија денеска соопшти дека еден од нејзините војници е убиен, а двајца се повреден во последните 24 часа во источниот дел на земјата. Во соопштение на Министерството за одбрана се вели дека сепаратистите поддржани од Русија 16 пати го прекршиле прекинот на огнот, употребувајќи снајпери, митралези и минофрлачи.

Во меѓувреме, сепаратистите тврдат дека владините сили 28 пати го прекршиле прекинот на огнот, употребувајќи пушки, ракетни фрлачи, минофрлачи и артилерија.

Во борбите меѓу владините сили и про-руските сепаратисти, кои држат делови од регионите Доњецк и Луганск, загинаа повеќе од 10.300 лица од април 2014 година. Прекинот на огнот не се одржува, иако е дел од договорите од Минск со цел да се реши конфликтот. Нов прекин на огнот беше договорен за време на празниците, кој требаше да започне на полноќ меѓу 22 и 23 декември.

XS
SM
MD
LG