Достапни линкови

Застрелан руски новинар во регионот Ростов


Архива: Собир за убиениот новинар на „Кавкаски Узел“ Ахмеднавиев Ахмеднаби.

Новинар од независниот руски онлајн медиум „Кавкаски Узел“ вели дека се опоравува откако бил застрелан во напад којшто тој го поврзува со неговото известување.

Вјачеслав Прудников вели дека вчера човек отворил оган врз него додека посетувал гробишта во градот Красни Сулин во јужниот руски регион Ростов. Прудников рече дека напаѓачот извикувал „ние сме задоволни од вашето пишување за властите“ и пукал во неговото лице. Тој рече дека лицето го покрил со раката и куршумот го погодил во лактот.

Друг куршум го погодил Придников во неговото ребро додека бегал од напаѓачот, воли тој, додавајќи дека бил опериран и оти е надвор од животна опасност. Тој истакна дека известувал за штрајковите во градот Гуково каде локалните рудари ги барале задоцнетите плати од септември.

Во 2013 година уште еден новинар на „Кавкаски Узел “ беше убиен во близина на неговата куќа во Дагестан. Никој не е обвинет за неговото убиство.

XS
SM
MD
LG