Достапни линкови

Собранието ќе расправа за предлог буџетот


Собрание на РМ

Дополнетиот предлог буџет за 2018 година денеска е на дневен ред пред пратениците на пленарна седница. Опозицијата најави дека нема да учествува на оваа седница. Во Дополнетиот предлог буџет се вградените шест амандмани прифатени во расправата во прво читање во собраниските комисии и со амандмани од страна на Владата со кои се направени зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.Вкупните приходи во Буџетот за 2018 година се проектирани на 193,5 милијарди денари, а расходите на 211,7 милијарди денари.

XS
SM
MD
LG