Достапни линкови

Пенс: напредок во војната во Авганистан


Американскиот потпретседател Мајк Пенс, Баграм, Авганистан. 21.12.2017.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс кој допатува во ненадејна посета на американските сили во Авганистан изјави дека постои „вистински напредок“ во 16 годишната војна и оцени дека функционира новата стратегија на претседателот Доналд Трамп. Пенс по средбата со претседателот на Авганистан Ашраф Гани и премиерот Абдула Абдула во Кабул изјави дека тие го увериле оти во последно време имало промена на активностите на талибанците кои се борат против авганистанската влада. Трамп пред неколку месеци го зголеми бројот на американските сили во Авганистан.

XS
SM
MD
LG