Достапни линкови

ГС на ОН против Ерусалим за главен град на Израел


Знамиња пред зградата на ОН во Њујорк

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја усвои Резолуцијата со која се осудува американската одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Од 193 земји членки на ОН, 128 вечерва гласаа за Резолуцијата, девет беа против, а 35 воздржани.

Освен САД и Израел, против Резолуцијата гласаа и Гватемала, Хондурас, Того, Микронезија, Науру, Палау и Маршалските Острови.

Седницата беше свикана по иницијатива на Палестинците, а се гласаше за резолуцијата во која се наведува дека секоја еднострана одлука за статусот на Ерусалим не е легална и дека прашањето за статусот на Ерусалим мора да биде дел од конечниот мировен договор меѓу Израел и Палестинците.

На седницата на Генералното собрание ѝ претходеше гласање во Советот за безбедност на ОН, каде САД ставија вето на резолуцијата со која се бара повлекување на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим. Останатите 14 членки гласаа „за“.

За разлика од резолуциите на Советот за безбедност, текстовите усвоени на Генералното собрание не се обврзувачки.

Американскиот претседател се закани дека ќе ја укине финансиската помош за земјите кои ќе ја поддржат резолуцијата.

XS
SM
MD
LG