Достапни линкови

Села и Заев без договор - Алијансата го сака здравството, а не вицепремиер „за носење бурек“


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по денешната средба со премиерот Зоран Заев изјави дека партијата останува на своите ставови и сака и натаму да го задржи министерското место во здравство.

Села не кажа дали ќе излезат или ќе останат во владината коалиција.

„Нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ и да се омаловажува Алијансата за Албанците. Такво нешто нема да прифатиме. Му дадов предлог на премиерот да стокми уште една позиција како заменик премиер за носење бурек и после таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ за да именуваат некој нивен министер. Ние остануваме на нашите ставови дека ќе го држиме Министерството за здравство и нема да правиме договори и наддоговори. Договорот за формирање Влада е направен кога се направи Владата“, изјави Села.

Тој не кажа што му одговорил Заев на ова негово барање и посочи одговорот да го побараме од премиерот. Тој не кажа дали Алијансата за Албанците останува во Владата или не, туку рече дека тие остануваат во процесите на реформи и оти ќе продолжат да ги поддржуваат.

Уште еднаш потврди дека кандидат на Алијансата на Албанците за министер за здравство е Вулнет Ферати.

На прашањето што доколку Заев испрати предлог до Собранието со името на министерот за здравство што веќе беше објавено, Села рече дека тогаш Алијансата за Албанците ќе заземе став по тоа прашање и како се однесува кога ќе биде испратен предлогот.

Претходно беше соопштено дека нов министер за здравство ќе биде доктор Венко Филипче.

XS
SM
MD
LG