Достапни линкови

Османи: 2018 година е историска за евроинтеграциите


Архива: Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Следната 2018 година е историска за евроинтеграциските процеси во Македонија, кога како никогаш порано се отвора прозорец на можности да направиме сериозен исчекор и конечно да ги затвориме прашањата за ЕУ и НАТО, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој рече дека Секретаријатот за европски прашања (СЕП) ја подготвува својата администрација, заедно со неговиот Кабинет за предизвиците на патот на евроинтеграциите, изјави Османи од Струга на работилница „Предизвици 2018.“

„Доколку успешно ги адресираме предвидените реформи, но и согласно успешноста во адресирањето на отворените политички прашања, постои сериозна можност уште во 2018 година да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, изјави Османи

XS
SM
MD
LG