Достапни линкови

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во Валандово ќе се одржи


Архива: Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на вчерашна седница било дискутирано во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери, при што не добила поддршка од Извршниот комитет кој одлучил да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет.

„Извршниот комитет ја разгледа информацијата околу подготовките за одржување на вонредниот 16 Конгрес, кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму наведуваат дека Извршниот комитет ја разгледал анализата за локалните избори која, како што истакнуваат, денеска ќе биде презентирана на состанокот на Централниот комитет.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги осудил, како што велат, „нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам.“

XS
SM
MD
LG