Достапни линкови

Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за случајот на СЈО „Труст“


Архива: Основен суд Скопје 1 - Скопје.

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот на СЈО „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ за учество во тендер на ЕЛЕМ.

Денешното судење продолжи со вкрстено испрашување на вештакот Игор Костов. На минатото рочиште одбраната приложи нови документи како докази што беа прифатени од Судот и од СЈО.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

За денска беше закажано и судење за предметот на СЈО „Топлик“ во кој осомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во Сопшиште. Рочиштето е одложено за 30 јануари следната година поради тоа што двајца адвокати на Јанакиески се ангажирани во случајот „Труст.“

XS
SM
MD
LG