Достапни линкови

Пратениците на „Самоопределување“ и натаму во притвор


Од апсењето на членови на „Самоопределување“, пред кососвкиот парламент, Приштина, 30.11.2017.

Пратениците во косовскиот парламент од Движењето „Самоопределување“ Албин Курти и Доника Кадај-Бујупи и понатаму останат во притвор. Судот во Приштина го одби барањето на нивната одбрана за ослободување и замена на притворот со друга мерка. На тројца пратеници на „Самоопределување“ им се суди за фрлање солзавец во собраниската сала кога на дневен ред беше ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Судот го одби и барањето на третата пратеничка, Албулена Хаџиу,која е во домашен притвор да се повикаат како сведоци повеќе од 20 пратеници кои биле присутни во парламентот. Пратениците Курти, Хаџиу и Бујупи беа уапсени на влезот на зградата на Собранието на 30 ноември.

XS
SM
MD
LG