Достапни линкови

Денеска церемонија на затворање на Хашкиот трибунал


Меѓународниот суд за поранешна Југославија

Денеска во Хаг ќе биде одржана официјална церемонија на затворање на Меѓународниот суд за поранешна Југославија кој беше основан во 1993 година. Трибуналот официјално ќе престане да работи на први идниот месец. Во текот на 24 годишната работа беа процесуирани над 160 обвинети, кои добија над илјада години затвор. Трибуналот зад себе остава милиони документи од предметите кои ги водеше, а кои ги сакаат земјите од регионот чии граѓани беа во постапките. Хашкиот трибунал беше осонован со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации заради гонење на сторителите на воени злосторства на територијата на поранешна Југославија.

XS
SM
MD
LG