Достапни линкови

Димовски: Нема да се кандидирам за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

Илија Димовски вечерва пред одржувањето на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не планира да се кандидира за претседател на партијата дури и да се одложи конгресот.

" Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да смогне сили да покаже поголема зрелост од СДСМ. Мора да покаже концепт којшто ќе значи широка транспаретност, голема демократија, отвореност...." изјави Димовски кој се споменуваше како еден од кандидатите за нов претседател на партијата

Според Антонио Милошоски, кој е еден од потписниците на отвореното писмо, на партијата и е потребен кредибилен конгрес за легитимен избор на претседател. Според него новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ без разлика кој и да биде, не треба да ја има хипотеката на претседател марионета.

Во врска со фејсбук статусот на лидерот во оставка Никола Груевски во кој тој посочува дека одлуката за конгресот е донесена едногласно, Димовски изјави дека гласале за одржување на конгресот во декември, но во меѓувреме добиле информации за нефер и недемократски избор меѓу кандидатите, поради што се залагаат за нов датум.

Пратеничката Ане Лашкоска очекува конгресот да се одржи викендот.

XS
SM
MD
LG