Достапни линкови

ЕУ презема постапка против Полска за реформите во судството


Белгија - Полскиот претседател Анджеј Дуда и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Брисел, 18 јануари 2016 година

Европската комисија започна дисциплинска постапка против Полска поради загриженоста дека демократијата во земјата е под закана. Извршната власт на Европската унија соопшти дека планираните судски реформи во Полска, вклучително и за тоа како се назначени судиите, го загрозуваат владеењето на правото. Според член 7 од Договорот за ЕУ, земјите-членки сега мора да одлучат со мнозинство од четири петтини дали Полска е "јасен ризик од сериозно прекршување" на принципите на владеење на правото на блокот. Сепак, комисијата соопшти дека може да ја укине својата одлука ако Варшава спроведе листа на предложени правни лекови во рок од три месеци. Активирањето на член 7 може да доведе до суспендирање на гласачките права на земјата во Европскиот совет ако сите 27 земји од ЕУ се согласат, но Унгарија соопшти дека ќе стави вето. Илјадници луѓе низ Полска протестираа против планираните реформи. Владата вели дека промените се потребни за да се спречи неефикасноста и корупцијата.

XS
SM
MD
LG