Достапни линкови

Судот во Солун до петок за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски


Горан Грујевски и Никола Бошкоски, под придружба на грчки полицаец, го напуштаат судот во Солун - 19 Октомври 2017

Судот во Солун до петок треба да ја соопшти одлуката дали Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрадирани во Македонија.

Поранешниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Александар Даштевски, како експерт на предлог на адвокатите на Горан Грујевски и Никола Бошковски, денеска беше сослушан како сведок во Судот во Солун, потврди за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.

" Ние очекуваме судот да го одбие барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски", рече Василев.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг.

Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.

Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта

XS
SM
MD
LG