Достапни линкови

Советот за утврдување факти бара разрешување на судии во Врховниот суд


Архива: Врховен суд на Македонија.

Советот за утврдување факти достави предлог до Судскиот совет во кој бара да бидат разрешени пет члена од Кривичниот совет на Врховниот суд, каде прв човек е Јово Вангеловски кој одлучуваше за притворот на бизнисменот Сеад Кочан обвинет во случајот на СЈО „Труст.“

Советот бара разрешување заради нестручно и несовесно постапување и на судии од Апелацискиот суд Скопје и на Врховниот суд на РМ, кои одлучуваа и за притворите на двајцата обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во екстрадициски притвор, обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“.

XS
SM
MD
LG