Достапни линкови

Спасовски го осуди нападот врз полицаецот на протестот на ВМРО-ДПМНЕ


Архива: Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во врска со вчерашниот инцидент на Табановце во кој беше повреден полицаец при протест на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека го поддржува правото на протест, но и дека го осудува секој напад врз полицијата.

Спасовски рече дека удирањето по полицаец значи удирање врз Република Македонија, дека институциите мора да функционираат, а дека и полициски службеник треба да сноси одговорност доколку го прекрши законот.

Во меѓувреме членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска се собраа пред Основниот суд Куманово и на прес-конференција побараа да биде ослободен нивниот член кој беше приведен на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

МВР денеска соопшти дека добиле известување во кое ВМРО-ДПМНЕ најавила дека секој ден ќе одржува јавен собир со блокада на граничните премини. За денеска од ВМРО-ДПМНЕ најавиле дека од 16 до 18 часот ќе го блокираат граничниот премин „Богородица“, утре од 17 до 18 часот „Ќафасан“, задутре од 17 до 18 „Девебаир“, а на 24 декември од 16 до 18 повторно „Богородица.“

XS
SM
MD
LG