Достапни линкови

Полицијата на Хрватска и Србија уапси 17 осомничени за криумчарење мигранти


Архива: Мигранти во Србија.

Безбедносните служби на Србија и Хрватска во заедничка акција уапсија 17 лица осомничени за шверц на десетици мигранти кон земјите на Европската унија, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека група од 12 српски државјани и еден Авганистанец била уапсена во Белград и во четири други градови во северна Србија, а хрватската полиција наведува дека уапсила четворица осомничени.

Во соопштението се вели дека криминалната група се сомничи дека помогнала за нелегален премин на границата и транспорт на вкупно 82 мигранта од Авганистан, Иран и Ирак, од кои се земани по 1.500 евра за човек.

XS
SM
MD
LG