Достапни линкови

ЕУ ги повика земјите од Балканот да ги забрзаат реформите


Лого - Европска комисија.

Европската унија ги повика земјите од Западен Балкан и членките на програмата на Источно партнерство, кои имаат безвизен режим за патување со ЕУ, да направат повеќе во борбата против организираниоткорупцијата

Во денешно интервју за Радио Слободна Европа европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос особено посочи дека Украина и Молдавија се земји кои треба да ги забрзаат реформите.

Тој рече дека засегнатите земји треба да ги забрзаат нивните напори за решавање на илегалната миграција и особено во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Аврамопулос зборуваше откако Европската комисија објави извештај за тоа како Албанија, БиХ, Грузија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина да ги имплементираат нивните безвизни режими со ЕУ, како и за реформите за владеењето на правото.

Ова е прв ваков извештај откако ЕУ го усвои механизмот за визна суспензија и откако договорите за визна либерализација на почетокот на оваа година овозможија граѓаните на Грузија и Украина да патуваат слободно во шенген зоната. Механизмот за суспензија овозможува безвизните режими да бидат прекинати под одредени околности.

XS
SM
MD
LG